
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го прокоментира поразот на неговиот тим со 1-3 во градското дерби против Манчестер Сити од 27. коло на англиската Премиер – лига.
Според холандскиот стрaтег, неговите играчи можеле да заминат како победници.
„Се браневме брилијантно, бевме блиску до победа или барем реми на „Итихад“. Тоа беше добар настап во целина. Играчите дадоа сѐ од себе. Имавме двајца играчи на теренот кои не беа 100%, Џони Еванс и Маркус Рашфорд, и тие дадоа сѐ од себе, а исто така и целиот тим. Во друг ден можевме да го добиеме овој натпревар“, изјави Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
