Фудбалерите на Реал Мадрид ги загубија нервите по мечот со Валенсија (2-2), кој заврши со скандал. Судијата Хесус Хил Манцано отсвири крај кога топката леташе во шеснаесетникот на домаќинот, а секунда подоцна Белингем со глава ја упати во мрежата за триумф. Нормално, голот беше поништен и тоа го разбуди бесот кај играчите на Реал.
По судирите на теренот следеа и жестоки и бесни реакции во тунелот кон соблекувалните и во микс зоната за интервјуа, откри новинарот од „Окко“, Павел Грунберг.
„Во зоната за блиц интервјуа, Винисиус Жуниор и Рудигер налетаа на официјалните лица на Валенсија. Бразилецот дури и удри член на обезбедувањето за кој рече дека го навредувал.
„Што велиш? Дека сум глупав, а? Дали сум глупав? Дали ми се смееш?“ – извика Винисиус, кого соиграчите го влечеа кон соблекувалната.
Неколку секунди подоцна, Антонио Рудигер и Аурелиен Чуамени збеснаа, а тој со карате потег ги шутна камерата и банерот каде се снимаа интервјуата и ги скрши.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













