
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, денеска соопшти дека неговата одлука да го напушти клубот е конечна и дека апсолутно ништо не може да ја промени.
Чави дефинитивно ја напушта клупата на Барселона. Иако во изминатите денови се зборуваше дека претседателот на клубот Жоан Лапорта побарал од него да остане и следната сезона, бидејќи поради финансиската состојба не можат премногу да размислуваат за нов тренер, 44-годишниот стратег денеска реши да ги отстрани сите дилеми.
Тој му соопшти на Лапорта дека дефинитивно го напушта клубот и дека нема шанси да се предомисли.
„Останувам на мојата одлука да го напуштам клубот на крајот на сезоната. Нема да има промени. Си заминувам“, изјави Чави Хернандез.
„Дали ќе ја сменам мојата одлука ако клубот не го најде вистинското решение? Не, нема. Реков дека си одам и тоа е тоа”, потенцира легендата на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
