
Баерн Минхен и Ливерпул ќе мора да му платат сериозна отштета на Баер Леверкузен за да го назначат Чаби Алонсо за тренер, пренесуваат германските медиуми.
Шпанскиот стручњак нема никакви откупни клаузули во договорот за ова лето, а Баерн Минхен веќе е информиран дека обештетувањето е предмет на преговори. Доколку Алонсо сака да ја напушти тренерската позиција во Баер по крајот на оваа сезона, сите страни очекуваат тоа да биде за обештетување меѓу 15 и 25 милиони евра.
Во договорот на тренерот, кој е до јуни 2026 година, навистина има откупна клаузула, но таа може да се активира дури во летото 2025 година за сума од околу 15 милиони евра.
Чаби Алонсо, сепак, не е премногу заинтересиран да седне на клупата на Баерн Минхен, затоа што германскиот првак постојано врши притисок и кон Баер Леверкузен за преговори со него, а двата клуба се во трка за шампионската титула во Бундес-лигата.
Од друга страна, Ливерпул се однесуваше професионално и со почит, информирајќи ги сите страни за нивната намера да потпишат договор со тренерот по завршувањето на оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
