
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, добил неофицијална понуда да остане на чело на тимот и во следната сезона, открива каталонски „Спорт“. Пред само еден месец стратегот најави дека ќе си замине на крајот на сезоната. Тој дури прецизираше дека одлуката ја донел многу порано и нема да ја менува.
Сепак, се чини дека во овој последен месец управата на Каталонците дошла до заклучок дека според околностите најдобро би било Чави да продолжи да го води тимот, а во принцип има договор до летото 2025 година. Неформалната понуда до тренерот дојде од потпретседателот Рафа Јусте, а претходно беше договорена и со претседателот Жоан Лапорта.
Чави ја презеде Барселона во ноември 2021 година и го предводеше тимот до шампионската титула во Шпанија во сезоната 2022/23. Сепак, во тековната сезона Каталонците не се толку убедливи и моментно се на осум бода од врвот.
Откако Чави ја објави својата одлука да се пензионира, за неговата функција почнаа да вртат многу имиња. Сепак, клубот има сериозни финансиски проблеми, што секако го ограничува изборот на евентуален нов тренер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
