
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше причина да биде среќен по демолирањето на Лутон во ФА Купот со 2-6. Херој на вечерта беше Ерлинг Халанд, кој постигна пет гола против домаќините на „Кенилворт Роуд“.
Менаџерот искажа пофалби за Норвежанецот, како и за плејмејкерот Кевин де Бруин, кој асистираше за четири негови голови. Според него, кога двајцата се на терен, тоа сериозно го крева нивото на „граѓаните“.
„Ерлинг беше жежок. Неговиот однос со Кевин е совршен. Го наоѓавме просторот зад одбраната и одигравме многу добро на овој инаку негостопримлив терен. Знам точно за што зборувам. Да, ние сме во четвртфиналето и тоа е најважно“, изјави Гвардиола.
„На Ерлинг му треба играч како Кевин, а на Кевин му треба фудбалер кој се движи како Ерлинг. Но не само тие, сите беа навистина одлични“, посочи менаџерот на Манчестер Сити.
Сепак, имаше и лоши вести за тренерот на шапионот по мечот и беа поврзани со повредата на Џек Грилиш, кој повторно има болки во препоните.
„Работите со Грилиш не изгледаат добро. Ова е вторпат да му се случи ваква повреда. Да се надеваме дека добро ќе се опорави”, додаде Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
