Connect with us

Барселона го сака Де Зерби за нов тренер, но не може да ја плати отштетата кон Брајтон

Италијанскиот стратег на кормилото на Брајтон, Роберто Де Зерби останува многу високо на листата на желби на Барселона кога е во прашање потенцијалниот нов тренер кој треба да го замени Чави на крајот од сезоната. Сепак, Каталонците немаат финансиски средства да ја платат неговата отштетна клаузула.


Поранешниот тренер на Сасуоло и Шахтјор Доњецк има договор со „галебите“ до летото 2026 година, а може да замине за сума од околу 15 милиони евра.

Барселона го информирала Де Зерби дека ќе мора да изврши притисок врз Брајтон и да направи сѐ за да ја намали таа сума доколку сака да ја преземе Барселона следната сезона.

Сепак, Италијанецот им одговори на претставниците на каталонскиот клуб дека нема намера да врши притисок додека не се увери со апсолутна сигурност дека тој е изборот број еден на клубот.
Томас Тухел и Ханси Флик се другите двајца менаџери кои се силно поврзани со Каталонците, и двајцата имаат предност пред Де Зерби затоа што ќе бидат слободни агенти во текот на летото.

Конечната одлука за нов тренер на тимот се очекува да биде донесена во наредните недели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови