Напаѓачот на Челси, Кристофер Нкунку, ќе помине уште еден одреден период надвор од теренот, откако заработи нова повреда за време на финалето на Лига купот кога неговиот тим беше поразен од Ливерпул (0-1). „Сините“ примија гол во финишот на продолженијата во неделата, кога Вирџил ван Дајк стана големиот херој за „црвените“.
Нкунку влезе како замена на „Вембли“ по 67 минути игра, но не успеа да влијае на „сините“ бидејќи лондончани повторно беа неефикасни пред противничкиот гол.
Французинот го забележа својот шести настап откако се опорави од тешката повреда заработена минатата сезона додека беше играч на Лајпциг, но клубот сега потврди дека тој се здобил нов проблем со бутниот мускул.
26-годишниот офанзивец беше надвор од терените четири и пол месеци по операцијата на коленото, но се врати на терените во декември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













