
Шведскиот интернационалец Кристофер Олсон, кој е фудбалер на Митјиланд, итно е хоспитализиран и приклучен на респиратор откако имал мозочен удар. Од клубот истакнуваат дека играчот се наоѓа во индуцирана кома, а лекарите се борат за неговиот живот.
„Клубот се чувствува принуден да ја објави причината за отсуството на Кристофер Олсон. Тој ја загуби свеста во својот дом на 20. февруари и е сместен на Универзитетската клиника во Архус, каде е приклучен на респитатор.
Се работи за акутна болест поврзана со мозокот, која не е последица на повреда или надворешни фактори. Тим на водечки дански стручњаци се обидуваат да воспостават дијагноза и да започнат вистински третман.
Клубот бара од јавноста да покаже разбирање и почит, за играчот и неговите најблиски го добијат неопходниот мир и да му обезбедат што побрза рехабилитација. Сите сме длабоко погодени од оваа ситуација, и нашите мисли се со него“, стои во соопштението на Митјиланд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
