Раководството на Челси го зголеми интересот за тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, но сѐ уште не планира разделба со сегашниот менаџер Маурисио Покетино, кој дојде во клубот минатото лето, пренесуваат британските медиуми.
Сепак, доколку и понатаму се влошуваат резултатите на „сините“, позицијата на сопствениците на Челси ќе се промени. Во тој случај, лондонскиот клуб ќе биде подготвен да се сврти кон Аморим.
Рубен Аморим е опција и за тимот на Ливерпул, кој по крајот на сезоната ќе остане без легендарниот Јирген Клоп.
Аморим го презеде Спортинг Лисабон во март 2020 година и под негово водство клубот ја освои Лигата на Португалија (2020/2021), двапати го крена Купот на Португалија (2021 и 2022 година) и триумфираше еднаш во португалскиот Суперкуп (2021).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













