Поранешниот напаѓач на Данска, Јон Дал Томасон, е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Шведска, соопшти Шведската фудбалска федерација. Тој станува првиот странски селектор на оваа селекција.
Томасон, кој неодамна поднесе оставка како менаџер на англискиот второлигаш Блекбурн Роверс, потпиша договор кој ги покрива квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а автоматски ќе биде продолжен доколку се квалификува на завршниот турнир.
„Со нетрпение очекувам да ја започнам оваа голема авантура и да се сретнам со симпатизерите, играчите, се разбира и со медиумите во Шведска“, изјави Јон Дал Томасон.
Томасон има 112 натпревари за репрезентацијата на Данска. Тој го наследува Јане Андерсон, која замина откако Шведска не успеа да се квалификува за ЕП 2024, завршувајќи на третото место во нивната квалификациска група зад Белгија и зад Австрија.
Välkommen till Blågult! – Jon Dahl Tomasson! 🇸🇪🙌
— Svensk Fotboll (@svenskfotboll) February 26, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













