Connect with us

Емануел Макрон и емирот од Катар ќе го убедуваат Мбапе да остане во ПСЖ

Килијан Мбапе е на прагот на заминување од пари Сен Жермен, и време е за реакција од најмоќните луѓе. Авторитетното француско издание „Ле Паризиен“ пренесува дека вечерва, француската фудбалска ѕвезда лично ќе се сретне со претседателот на државата, Емануел Макрон.

Мбапе ќе биде гостин на шефот на француската држава на официјална вечера во резиденцијата во Елисејската палата.


На средбата е поканет и претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, а настанот ќе биде организиран во чест на посетата на катарскиот шеик Тамим бин Хамад ал Тани.

Посетата на шефот на државата на домаќинот на СП 2022 во Франција е поврзана со дискусиите околу конфликтот на Блискиот Исток меѓу Хамас и Израел.

Се претпоставува дека дел од причините поради која на официјалната посета на Елисејската палата се присутни фудбалски луѓе може да има и скриен втор план, во кој Макрон по завршувањето на церемонијалните обврски ќе се обиде да го убеди Мбапе да остане во Пари Сен Жермен.

Таквото сценарио е сосема можно, бидејќи пред извесно време Мбапе потврди дека во 2022 година токму Макрон побарал од него да остане во францускиот тим, кога повторно имаше засилени обиди од Реал Мадрид. Една година подоцна, сепак, играчот рече дека шефот на државата на неговата татковина повеќе немал никакво влијание врз неговата кариера.

На Мбапе, кој е во Пари Сен Жермен од 2017 година, му истекува договорот на крајот од оваа сезона, а фудбалерот наводно веќе постигнал таен договор со шпанскиот гигант Реал Мадрид да прејде како слободен играч претстојното лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови