Фудбалскиот клуб Барселона направи радикален потег и го отстрани Дани Алвеш од списокот на легендарните фудбалери на тимот, пишува каталонски „Спорт“.
На официјалната страница на легендарните фудбалери има 102 имиња, но на него го нема веќе Алвеш, бидејќи Бразилецот неодамна и официјално беше осуден за силување девојка во ноќен клуб.
За време на кариерата во Барселона, Алвеш одигра 408 натпревари, постигна 22 гола и забележа 105 асистенции. Тој освои сѐ што може да се освои, три пехари во Лигата на шампиони, шест трофеи во Ла Лига, четири Копа дел Реј, четири Суперкупа…
Бразилецот е осуден на 4,5 години затвор, од кои едната веќе ја одлежа во притвор, а се напоменува дека би можел да биде пуштен на условна слобода веќе во мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













