Connect with us

Баерн Минхен ќе ја врати сензацијата на Болоња на „Алијанц арена“ за 40 милиони евра

Холандскиот интернационалец Џошуа Зиркзе игра одлично во дресот на Болоња во Серија А оваа сезона и го привлече вниманието на големите европски клубови. Иако имаше најави дека ќе му се приклучи на Милан по завршувањето на сезоната, сепак, сега големи се шансите тој да ја напушти Италија.


Како што пренесуваат италијанските медиуми, во клаузулата на одличниот Холанѓанец стои дека може да ја напушти Болоња доколку Баерн Минхен реши да го врати во своите редови. Цената е фиксна – 40 милиони евра, што секако не е проблем за Баварците.

Зиркзе, кој има само 22 години дојде од младинските редови на Феенорд во Баерн. Во зимата 2021 година замина на позајмица во Парма, а потоа по само шест месеци замина во Андерлехт.

По доаѓањето во Болоња тој едноставно експлодираше и сега половина Европа сака да го купи. Но, Баерн Минхен има клаузула според која може да го врати назад на „Алијанц арена“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови