Connect with us

Роналдо под истрага поради потегот што го направи кога му скандираа „Меси, Меси“ (ВИДЕО)

Португалската легенда Кристијано Роналдо ќе биде предмет на истрага од страна на Саудиската професионална лига. Синоќа тој уште еднаш ја покажа својата врвна класа и постигна гол на деветтиот последовен меч за Ал-Наср да се доближи на четири бода од лидерот Ал-Хилал.


Роналдо го отвори резултатот во втората минута од пенал, но Јаник Караско израмни во продолжението во вториот дел. Талиска стана херој за Ал-Наср, кој со два гола во вториот дел донесе успех на тимот.

Роналдо по мечот отиде да им честита на соиграчите за успехот, но видно го изнервираа извиците „Меси, Меси“ кои се слушаа од трибините. Прво демонстративно покажа кон своето уво, а потоа со уште едно движење на раката кон своите обожаватели и пределот на препоните.

Токму тоа е причината поради која ќе биде отпочната истрага од Саудиската професионална лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови