Connect with us

Нападот на Интер израмни рекорд од далечната 1947 година

Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Интер, оствари нова убедлива победа. Составот на Симоне Инзаги славеше како гостин против Лече со 0-4.


Во претходните две кола „нероаѕурите“ победија против Рома со 2-4 и против Салернитана со 4-0. Така, тие забележаа три последовни првенствени успеси, во кои постигнаа по четири гола – нешто невидено од есента 1947 година.

Со триумфот над Лече, гигантот од Милано има 16 победи од 1 јануари 2023 година, кое го става заедно со Манчестер Сити меѓу најдобрите тимови во петте најголеми европски лиги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови