Елиф Елмас е најавен како стартер за Наполи на денешното гостување против СПАЛ, со што македонскиот интернационалец ќе добие уште една шанса да ги покаже своите квалитети во една од најсилните лиги во светот. Карло Анчелоти е познат како тренер што често ги ротира стартните единаесетмина, што е од корист за дијамантот“, кој ја добива неопходната минутажа за уште повеќе да ги развие своите квалитети.
Елмас не беше стартер по репрезентативната пауза, почнувајќи ги средбите со Верона и со Салцбург, од клупата за резерви, но за денеска е најавен меѓу првите единаесетмина, и тоа заземајќи го местото на Бразилецот Алан, кој вообичаено е прва опција како последен играч за врска.
Заедно со Елмас, медиумите блиски до „наполитанците“ најавуваат дека Анчелоти во стартниот тим ќе го врати и Милик, со кого имаше мала караница по двата постигнати гола против Верона, како и Лоренцо Инсиње, кој беше стрелец на победничкиот погодок против Салцбург во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













