Ливерпул го освои првиот трофеј оваа сезона откако го совлада Челси со 1-0 во финалето на Лига купот на Англија. Стрелец на победничкиот гол беше Вирџил ван Дајк во 118.минута од дуелот. Тој со удар со глава успеа да го совлада Ѓорѓе Петровиќ и донесе голема радост за фановите на „црвените“.
🚨🚨| GOAL: VAN DIJK OPENS THE SCORING IN THE DYING EMBERS!
— Transfer Sector (@TransferSector) February 25, 2024
Chelsea 0-1 Liverpool
pic.twitter.com/kXCPzIw1Tb
Интересно е дека во регуларниот тек Ван Дајк исто така постигна гол со удар со глава, но не беше признат по интервенција од ВАР собата поради офсајд позиција во која се најде Ендо.
Ова е голем триумф и за Јирген Клоп, кој на овој натпревар мораше да игра без голем број ѕвезди во тимот. Поради повреди ги немаше Мохамед Салах, Дарвин Нуњез, Диого Жота, Доминик Шобошлаи, Трент Александер-Арнолд, Тијаго Алкантара, Алисон Бекер…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal