Шкендија не го искористи доволно ремито меѓу Струга ТЛ и Шкупи, со оглед дека тие ремизираа 2-2 против Гостивар. Со тоа тетовци не се доближија дополнително во трката за шампионската титула. Гостивар покажа дека е сериозен ривал.
Аденис Шала во 37.минута го отвори резултатот во корист на тетовци, а во 69.минута постигна уште еден гол за 2-0.
И ако сите помислија дека мечот е решен, Ланре Кехинде и гостиварци не мислеа така. Кехинде со два гола од пенал, во 86. и во 91.минута успеа да израмни на 2-2 и да донесе бод за гостите.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар во дербито на дното ја совлада Брегалница со 2-0 и ја напушти последната позиција на табелата. Сега „црвено-црните“ се десеттопласирани со 21 бод, три повеќе од Македонија ЃП. Марјан Алтипармаковски од пенал постигна погодок за водство во 21.минута, а три минути подоцна Дарко Глишиќ постигна и втор гол за вардарци, што на крајот беше сосема доволно за триумф.
„Лавовите“ го забележаа и вториот пораз оваа пролет, и тоа убедлив на гости кај Брера (3-0). Матеј Цветаноски во третата минута донесе водство, Даниел Миловановиќ зголеми на 2-0 во 12.минута, а третиот гол беше дело на Ѓорѓе Ивковиќ во 42.минута.
Тиквеш го победи Работнички со 2-0. Во 17.минута, Бразилецот Нето со удар со глава по корнерот од десната страна обезбеди предност за кавадарчани, а Кристијан Стојкоски во 52.минута зголеми на 2-0 и практично го реши победникот.
Воска Спорт и Силекс ремизираа без голови на дуелот во Охрид.
Во дербито на колото кое се одигра вчера, Струга ТЛ и Шкупи ремизираа 2-2.
ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 2-2
ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА 2-0
БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 2-0
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0-0
ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski