Јувентус ја прекина лошата низа резултати во Серија А со триумф од 3-2 против Фросиноне. „Старата дама“ буквално во последните мигови од мечот стигна до победата со голот на Даниеле Ругани во 95.минута од мечот.
Сега Јувентус има 57 бода, шест помалку од лидерот Интер, но и два одиграни натпревари повеќе.
Душан Влаховиќ го доведе Јувентус во водство во третата минута, но Чедира и Брешианини го шокираа домаќинот со два гола, во 14. и во 27.минута.
Влаховиќ во 32.минута постигна гол за израмнување, а потоа Јувентус долго бараше решение како да стигне до победа. На крајот, буквално во последниот напад, Ругани успеа да ја затресе мрежата на Фросиноне.
Daniele Rugani scores ! Sudden death
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 25, 2024
Juventus 3-2 Frosinonepic.twitter.com/RhQgWHR2TI
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal