
Шкендија оствари минимален триумф (0-1) против Македонија ЃП на стартот на пролетта, а денеска на домашен терен го пречекува Гостивар. Тетовци имаат шанса да се доближат уште повеќе до врвот со оглед дека ривалите за титулата Струга ТЛ и Шкупи вчера ремизираа 2-2 во дербито.
Крилниот напаѓач Аденис Шала ги повика навивачите да дадат поддршка и истакна дека очекува триумф.
„Нѐ очекува тежок натпревар, но ние играме на домашен терен и се надевам дека со поддршката од фановите ќе успееме да ја оствариме целта. На секој натпревар Шкендија оди на победа и ништо поразлично тоа не е и сега“, истакна Шала.

Работнички ремизираше без голови против Струга ТЛ, а денеска „романтичарите“ му гостуваат на Тиквеш.
„Нѐ очекува тешко гостување во Кавадарци. Но, подготвени сме за предизвикот и се надеваме дека ќе успееме да ги исполниме задачите што ќе ни ги постави шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Секој нов натпревар е ново искушение за нас. Трениравме квалитетно изминативе денови и веруваме дека тоа ќе го даде вистинскиот ефект на претстојниот меч“, изјави капитенот на Работнички, Егзон Белица.

Воска со нов тренер ќе го пречека Силекс. Срѓан Захариевски ќе дебитира како шеф на стручниот штаб и ќе се обиде да ја одведе Воска до опстанок во елитата.
Брера на теренот во Турново ќе биде домаќин на Македонија ЃП.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО
ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА
БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ВОСКА – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
