Најтрофејниот македонски клуб Вардар по ремито (0-0) со Гостивар во првото пролетно коло, денеска ќе го игра првиот меч на домашен терен, а противник е Брегалница, еден од директните ривали за опстанок во елитата.
Крилниот напаѓач Марјан Ристовски, едно од засилувањата за „црвено-црните“ оваа зима, најавува дека тимот ќе атакува на победа.
„Играме за првпат оваа пролетна полусезона пред домашната публика. Се надевам дека атмосферата ќе биде одлична, дека стадионот ќе биде полн и дека носени од поддршката на нашите навивачи ќе стигнеме до трите бода. Моите очекувања се победа и само победа. Верувам дека на теренот ќе се бориме и дека ќе дадеме не 100% туку 200% од силите, за да стигнеме до целта“, вели Ристовски.
Брегалница триумфираше минатото коло, а сега посакува да остане непоразена и на дуелот со Вардар.
„Од неодамна завршениот зимски преоден рок, може да забележиме дека во Вардар, како и кај нас, има позитивни промени. И изгледот на табелата, и ривалитетот меѓу клубовите налагаат да очекуваме дека ќе биде еден тежок натпревар, но сепак ние како екипа заедно со стручниот штаб имаме свои цели и замисли што ако ги оствариме, јас верувам дека позитивниот резултат нема да изостане“, истакнува левиот бек на Брегалница, Михаил Маневски.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО
ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА
БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ВОСКА – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski