
Баер Леверкузен забележа нова победа, а Чаби Алонсо продолжи да ги поместува границите на германскиот фудбал.
Шпанскиот страттег испиша историја како прв тренер чиј тим помина 33 натпревари без пораз во сите натпреварувања.
Со победата од 2-1 над Мајнц, Баер Леверкузен го надмина рекордот на Баерн Минхен за најголема серија без пораз во сите натпреварувања во историјата на германскиот фудбал.
Леверкузен ита кон титулата, во Бундес – лигата има ефект од 19 победи и само четири ремија и гол-разлика 59-16, во Лига Европа забележа максимални шест победи, а стигна и до полуфиналето на германскиот Куп.
Не е ни чудо што Баерн Минхен и Ливерпул планираат да конкурираат за неговиот потпис на лето, кога ќе си заминат Томас Тухел и Јирген Клоп.
Баер Леверкузен во осминафиналето на Лига Европа ќе го пречека Карабах и е голем фаворит, исто како и против Фортуна Диселдорф во Купот на Германија.
Како што стојат работите, ова ќе биде историска сезона за Баер Леверкузен и за Чаби Алонсо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
