Лука Модриќ (38) на крајот на сезоната ќе го напушти Реал. Договорот на легендарниот играч за врска на мадридскиот клуб истекува во јули 2024.
На прагот на неговиот 39. роденден, саудиските клубови Ал-Ахли, Ал-Хилал и Ал-Наср, кои функционираат благодарение на парите од речиси неограничен државен фонд, повторно ќе му испратат огромни понуди. Специфичен интерес има и од Интер Мајами, МЛС клубот во сопственост на Дејвид Бекам, кој сега е дом на Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс.
Шпанските медиуми веќе со месеци пишуваат дека Модриќ е незадоволен од својот статус во Реал.
Откако со години беше неприкосновен член на стартниот тим, тренерот Карло Анчелоти сега го гледа како резерва. Забележа 28 настапи, но често влегуваше од клупата за резерви, па на теренот има вкупно 1461 минута.
Модриќ има понуди да се пресели и во Турција, каде за него би наддавале најголемите клубови, Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













