Пјер-Емерик Обамејнг го запиша своето име во историјата на Лига Европа како најуспешен стрелец откако го постигна 31. гол во ова натпреварување. Вечерва тој беше стрелец и асистент за Олимпик Марсеј во триумфот од 3-1 против Шахтјор Доњецк, со што францускиот тим се пласира во осминафиналето. Првиот меч заврши 2-2.
За Олимпик Марсеј погодија и Исмаила Сар и Кондогбија, а за гостите погоди Судаков.
Спарта Прага го победи Галатасарај со 4-1 и ја надомести негативата (2-3) од првиот меч во Истанбул. Галатасарај играше со фудбалер помалку од 70.минута кога беше исклучен Ајхан, а оттогаш до крајот Спарта Прага постигна три гола, преку Туци, Хараслин и Кухта. Резултатот го отвори Пресиадо во осмата минута, а израмни Бардакчи во 16.минута.
Спортинг Лисабон и Јанг Бојс одиграа 1-1, но португалскиот тим имаше предност од првиот меч (2-4) и се пласира во осминафиналето.
Во Рим, Рома и Феенорд играат продолженија. откако по 90 минути на „Олимпико“ беше 1-1, идентично како и на првиот дуел во Холандија. Сантијаго Хименез во петтата минута донесе водство за Феенорд, а израмни Лоренцо Пелегрини со прецизен шут од 20 метри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













