Поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт на крајот од актуелната сезона ќе ја заврши професионалната кариера. Голманот ќе ја заврши сезоната со Селтик, каде што е од летото 2021 година.
„Во јуни ќе престанам да играм професионален фудбал. Ова е нешто за што размислував некое време. Нема вистинско или погрешно време, тоа е начинот на кој овој клуб што играм во моментов функционира затоа што премногу брзо сѐ се случува. Вложив срце и душа во она што го правам, во големата слика на клубот, базата и навивачите. Имав разговори со шефовите Брендан Роџерс и Стиви Вудс и им ја соопштив мојата одлука“, изјави Џо Харт.
36-годишниот голман беше на голот на Манчестер Сити за време на двете освоени титули во сезоните 2011/12 и 2013/14.
Џо Харт има вкупно 75 настапи за репрезентацијата на Англија и трипати ја освои „Златната ракавица“ во Премиер – лигата за најмногу мечеви без примен гол во сезоните 2010/11, 2011/12 и 2012/13.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













