
Фудбалерите на Барселона синоќа ремизираа 1-1 на гостински терен против Наполи во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Стрелец за Каталонците беше Роберт Левандовски, а со тој гол Полјакот стана 14. играч во историјата на Лигата на шампионите кој ја погодил мрежата во нокаут фазата, настапувајќи за три различни клубови.
Пред Барселона, Левандовски постигна гол додека ги носеше дресовите на Борусија Дортмунд и на Баерн Минхен.
Така тој им се приклучи на Кристијано Роналдо, Михаел Балак, Хоакин Кореа, Дани Алвеш, Самуел Ето, Фернандо Торес, Оливие Жиру, Тиери Анри, Златан Ибрахимовиќ, Алваро Мората, Фернандо Мориентес, Лирој Сане и Андреј Шевченко.
Полјакот ја освои Лигата на шампионите во 2020 година со Баерн Минхен, додека во 2013 година го загуби финалето со Борусија, токму од Баерн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
