Раководството на Баерн Минхен го планира составот за новата сезона. На „Алијанц Арена“ сакаат да го засилат својот тим во одбраната, а бараат и дефанзивен играч за врска. Томас Тухел нема да ги предводи Баварците од летото, но веќе го предаде списокот со играчи кои ги посакува.
Еден од нив е капитенот на ПСЖ, Маркињос. 29-годишниот фудбалер може да игра подеднакво добро и во центарот на одбраната, но и како последен играч за врска. Тој неодамна потпиша договор со францускиот шампион до летото 2028 година.
Се верува дека Баерн Минхен ќе направи обид да го купи и покрај тоа што Тухел го напушти клубот, пишува „UOL Esporte“.
Баварците за правата на Маркињос ќе треба да платат најмалку 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













