
Елиф Елмас ќе плати казна од 56.250 евра што му беше изречена од Наполи поради непочитување на наредбата издадена од претседателот Аурелио де Лаурентис. Тој веднаш по ремито со Салцбург во Лигата на шампионите побарал сите фудбалери да заминат во тренинг-комплексот, што не било испочитувано од страна на играчите.
„Наполитанците“ веднаш најавија санкции за фудбалерите, за денеска да биде обелоденета листата колкава казна му е изречена на секој играч на актуелниот италијански вицепрвак. Казните се движат меѓу 25% и 50% од месечните примања на фудбалерите, а Елмас е казнет со иста сума како и албанскиот репрезентативец Хисај, со кого очигледно има и иста заработувачка.
Највисока санкција му е изречена на Лоренцо Инсиње, кој ќе остане посиромашен за 374.400 евра, зад него следи Кулибали со 225.000 евра казна, а трет на оваа листа е Алан, кoму му е изречена парична казна од 187.950 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal