
Англискиот премиерлигаш Челси ја следи ситуацијата со голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн. Според „Фудбал Инсајдер“, напаѓачот не е целосно среќен во Германија и почнал да размислува за враќање во Премиер – лигата.
30-годишниот Кејн потпиша за Баерн летото откако беше купен за рекордна сума од 100 милиони евра од Тотенхем.
Сè уште е многу во рана фаза, но Челси е заинтересиран за идејата да го доведе Кејн. Се верува дека клубот од „Стемфорд бриџ“ е подготвен да ја плати истата сума што Баерн ја плати за Кејн.
Тој оваа сезона за Баерн постигна 29 гола и имаше осум асистенции на 30 натпревари во сите натпреварувања. Кејн исто така освои три „Златни копачки“ во Англија и постигна 213 голови во Премиер – лигата за Тотенхем, од кои повеќето беа под водство на актуелниот менаџер на Челси, Маурисио Покетино.
Враќањето во Англија ќе му овозможи на напаѓачот да го урне рекордот на Алан Ширер од 260 голови во Премиер – лигата.
Актуелниот договор на Кејн со Баерн е до летото 2027 година. Од друга страна, Челси е на средината на табелата, а најдобар стрелец е Кол Палмер со 12 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
