
Фудбалерите на Леванте се надеваат дека ќе го остават зад себе разочарувачкиот пораз од Хетафе во минатото коло, па следниот викенд на градското дерби против Валенсија ќе се вратат на победнички патеки. Во центарот на вниманието се наоѓа Енис Барди, потсетувајќи се дека Македонецот беше стрелец за Леванте на градското дерби со „лилјаците“ во неговата прва сезона во „Ла Лига“.
„Знам колку значи овој меч за сите нас, за сите навивачи на Леванте. Секој натпревар носи три бода, но средбите со Валенсија се специјални за нас. Подготвени сме, играме дома, пред нашите навивачи… ќе дадеме се од себе во текот на сите 90 минути, се надевам дека на крајот ќе славиме. Тој прв гол против Валенсија ми е еден од омилените, ја почувствував радоста на сите на стадионот, се надевам дека ќе се повтори истото и на саботниот дуел“ – изјави Барди.
Мечот меѓу Леванте и Валенсија се игра в сабота со почеток во 18.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal