
Гостивар и Вардар одиграа 1-1 во првиот натпревар од 19.коло во Првата фудбалска лига. Најголемите возбудувања дојдоа на крајот од мечот.
Ненад Мишковски го доведе Вардар во водство во 85.минута, откако по прекин на игра ја затресе мрежата на Гостивар, по нафрлувањето на Глишиќ во противничкиот шеснаесетник.
Гостивар израмни во 90.минута со голот на новото засилување Слишковиќ. Кехинде доби употреблива топка, излезе сам пред Гачевски, тој ја одби топката, но Слишковиќ од втор обид погоди на вистинското место и донесе бод за гостиварци.
Вардар имаше можност да поведе и во 69.минута, кога Марјан Ристовски ја погоди стативата од голот на домашниот тим.
Останатите натпревари од 19.коло се играат утре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
