Интер забележа нова убедлива победа во Серија А откако на домашен терен ја совлада Салернитана со 4-0. „Нероаѕурите“ направија уште еден чекор кон „скудетото“ и веќе водат со десет бода разлика пред првиот конкурент Јувентус.
Сепак, тренерот Симоне Инзаги не брза да го отвори шампањот и предупреди дека ништо не е сигурно во фудбалот.
„Момците беа одлични, одигравме професионално и со правилен став. Знаевме дека Салернитана може да ни направи проблеми, како што направија против другите тимови вклучувајќи ги Наполи, Јувентус и Милан. Немав грижи бидејќи тимот беше добро закрепнат по неделниот натпревар против Рома. Генерално, нашиот тим е сѐ позрел, подобро го покриваме просторот и речиси секогаш успеваме да ја одржиме рамнотежата во нашата игра. Нѐ очекува важен натпревар во Лигата на шампионите и затоа моравме да му пристапиме одговорно од самиот почеток“, изјави Инзаги.
Инзаги сепак е внимателен кога е во прашање трката за „скудетото“.
„Ништо не е сигурно во фудбалот и мораме да останеме фокусирани. Како играч, го освоив „скудетото“ кога изгледаше загубено, а потоа го загубив кога изгледаше освоено. Долго време сум во фудбалот и знам дека имаме уште долг пат до целта. Размислуваме натпревар по натпревар, како што тоа го правиме од минатата сезона. Нашата цел е да стигнеме до крајот на секое натпреварување, но мора да бидеме внимателни бидејќи Јувентус и Милан нема да се предадат до самиот крај“, додаде Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal