
Втората лига исто така се враќа на сцената. Најинтересно е во битката за врвот, но исто така ќе се води жестока борба и за опстанок. Лидерот Беса можеби е во најкомфорна позиција, но ќе мора да го потврди квалитетот и во вториот дел од сезоната. Главното прашање е кој ќе се протне како второпласиран, директно во елитата, Детонит Плачковица или Пелистер.
Во првото пролетно коло кое е на програмата денеска од 14 часот, Беса на домашен терен го пречекува Осогово, а Пелистер исто така пред своите гледачи ќе игра против Беласица. Гостин од водечкото трио е Детонит Плачковица кој оди на мегдан на Вардар во Неготино.
На останатите натпревари се среќаваат: Охрид – Башкими, Тетекс – Победа, Арсими – Новаци, Скопје – Каменица Саса, Караорман – Кожуф (сите од 14 часот).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
