По два месеци пауза, од денеска се враќа на сцена македонскиот фудбал. Продолжуваат пролетните возбудувања во Првата лига, а се очекува неизвесна борба за шампионската титула, каде реално конкутираат три екипи, Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија, но и за опстанокот во елитата.
Таму можеби пет екипи ќе стравуваат дали ќе останат дел од најдобрата конкуренција. Најзагрозени бодовно во моментот се Вардар и Брегалница (17 бода), но во вртлогот се и Македонија ЃП (18), Воска Спорт и Брера (20).
Пролетта започнува со дуелот меѓу Гостивар и Вардар. И двете екипи значително ги реновираа своите тимови, имаат и нови тренери. На клупата на Гостивар седна Исмаил Аталан, кој има искуство и од Бундес-лигата, а вардарци ги презеде Горазд Михајлов.
Гостивар се наоѓа на шестата позиција со 24 бода и гледа кон горниот дел од табелата, додека Вардар ќе води жестока битка за опстанок и секој бод ќе му биде многу значаен за конечно остварување на целта.
Останатите натпревари од 19.коло се играат утре (14 часот).
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19 КОЛО
ГОСТИВАР – ВАРДАР (денеска, 14 часот)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (утре, 14 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – БРЕРА
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













