Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нема намера да го потцени Челси, иако лондончани имаат прилично слаба сезона. Двата тима утре ќе се соочат на „Итихад“.
„Граѓаните“ се во серија од 11 последователни победи во сите натпреварувања. Челси, пак, ги доби последните два натпревари, а тоа беа гостувањата кај Астон Вила и Кристал Палас.
„Тие се извонреден тим во секој поглед. Ова е еден од најтешките натпревари што ќе ги имаме до крајот на сезоната. Тие играат многу добро во последните неколку натпревари“, изјави Гвардиола.
Шпанецот го коментираше настапот на Кол Палмер, кој игра одлично откако го смени Манчестер Сити со Челзи.
„Дали ќе играше редовно за нас? Да. Не се сомневавме во неговите квалитети. Тој игра како ѕвезда. Го промени тимот за да игра повеќе. Беше само прашање на време кога ќе покаже за што е способен“, истакна Гвардиола.
Пеп се осврна и на битката за титулата во Премиер – лигата.
„Кога ќе останат осум или десет натпревари, ќе видиме колку екипи ќе бидат во борба за врвот. Мислам дека овие три екипи ќе бидат, но разликата со четвртата и петтата и понатаму е минимална. Не е важно дали се два, три или четири ривали, ние мора да ги победиме нашите натпревари, да си ја завршиме работата. Останатото не е важно“, потенцира менаџерот на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













