Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах, е подготвен да се врати на терените за утрешното гостување кај Брентфорд откако неколку дена целосно тренираше со тимот. Ова на својата денешна прес-конференција го соопшти Јирген Клоп, кој ја потврди прогнозата дека десниот бек Трент Александер-Арнолд, чија повреда се обнови против Барнли, ќе пропушти неколку недели и нема да биде достапен за финалето од Лига купот против Челси на 25 февруари.
„Мо продолжи со комплетни тренинзи. Тоа автоматски значи дека тој е кандидат за стартната позиција. Конате повеќе не е суспендиран, Џо Гомез е здрав, Конор Бредли се врати, Алисон се врати. Тоа се позитивните вести. Тијаго и Трент се недостапни. Не знаев дека има дискусии како сме брзале да го вратиме Трент и затоа неговата повреда повторно се појави. Неговиот и случајот на Шобошлаи се сосема различни. Од кога сум овде, никого не сме присилувале. Конечната одлука е секогаш на играчот“, изјави Јирген Клоп.
Тој се осврна и на дуелот против Брентфорд.
„Натпреварите на гости кај Брентфорд се супер-тешки. Присуството на Тони е важно за нив. Тој може да ја направи разликата. Добро се организирани, силни во статични позиции и добро го менуваат ритамот. Мораме да го играме нашиот најдобар фудбал ако сакаме да победиме. Мора да дадеме сѐ од себе за да ја оствариме целта“, изјави Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













