Горан Пандев нема да може да настапува за Џенова до крајот на оваа календарска година, откако македонскиот голгетер беше казнет со два меча неиграње по црвениот картон заработен на дуелот со Лече. Пандев поцрвене, а потоа и влезе во конфликт со судијата, што придонесе наместо еден да добие два меча суспензија, што практично значи дека Македонецот нема да може да настапува за Џенова до 2020 година.
Тој ќе ги пропушти следните средби на својот тим, најпрвин градското дерби со Сампдорија закажано за 14 декември, а потоа и гостувањето против неговиот поранешен клуб Интер на 21 декември.
По тоа 17. коло следи пауза за божиќните и новогодишните празници, а Пандев ќе може да се врати на терените на 5 јануари, кога Џенова ќе го пречека тимот на Сасуоло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













