Connect with us

Лофтус-Чик: Ми се допаѓа новата улога во тимот на Милан

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Рубен Лофтус-Чик, беше одличен во победата од 3-0 над Рен во Лига Европа. Тој постигна два гола за успех на „росонерите“.


Англичанецот по натпреварот истакна дека е среќен поради новата улога во тимот.

„Работам на тоа да се навикнам и почесто да влегувам во вистински позиции за постигнување голови. Имав различни улоги во средниот ред, но ми се допаѓа оваа што ја имам сега бидејќи сум поблиску до противничкиот гол. Уживам во секој натпревар и сега се чувствувам послободно. Тајната е во тоа што моментно сум во оптимална физичка форма. Имав многу проблеми со повредите во последните месеци, но сега сум добар и се надевам дека така ќе продолжи“, изјави Лофтус-Чик.

„Во мојата најдобра сезона постигнав 10 гола, па ќе видиме што ќе се случи сега… Мислам дека Милан има класа да го освои трофејот во Лига Европа, но мораме да размислуваме натпревар по натпревар. Победивме убедливо, но ние сме само на половина пат“, додаде Англичанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови