
Милан оствари убедлив триумф од 3-0 против Рен на „Сан Сиро“ и со една нога веќе е во осминафиналето на Лигата на Европа, иако ќе следи и реванш во Франција. Рубен Лофтус-Чик беше херојот на „росонерите“. Тој успеа да го отвори резултатот во 32.минута, а потоа зголеми и на 2-0 во 47.минута. Третиот гол беше дело на Рафаел Леао по една прекрасна акција на тимот на Стефано Пиоли.
Бенфика го победи Тулуз со 2-1, со двата гола од пенал на Анхел Ди Марија. Аргентинецот постигна победнички погодок во 98.минута од дуелот.
Карабах ја декласира Брага на гости со 2-4, додека Ленс и Фрајбург одиграа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
