
Баерн Минхен ќе гостува во Бохум в недела и ќе се обиде да се врати по поразите со 3-0 од лидерот во Бундес-лигата, Баер Леверкузен, и од италијанскиот Лацио (1-0) во Лигата на шампионите.
Според легендата Лотар Матеус, играта против Лацио не била во стилот на Баерн, а на тимот му недостига единство.
„Недостига самодоверба. На тимот му недостасува компактност и леснотија. Нема чувство за единство. Играчите се вознамирени, а прашање е зошто. Тухел мора да ги обедини играчите зад себе, мора да формира тим, да ја врати компактноста на теренот и надвор од него“, изјави Лотар Матеус за „Скај Германија“.
„Леснотија, радост, доминација – сето ова го карактеризираше Баерн Минхен во минатото, но веќе не можете да го видите. Тимот не работи добро и така е долго време. Има многу проблеми и во одбраната и во нападот. Тренерот и неговиот стручен тим сега имаат многу одговорна задача на психолошки план. Мислам дека имаат искуство да го направат тоа. Тие треба да ја вратат самодовербата кај играчите, а тоа не е лесно“, коментираше Матеус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
