Connect with us

ЛЕ: Икарди донесе триумф за Галата, Рома непоразена во Холандија (ВИДЕО)

Турскиот гигант Галатасарај излезе поуспешен (3-2) во голедата против Спарта Прага, во првиот меч од 1/16-финалето во Лига Европа. Мауро Икарди со голот во 91.минута обезбеди предност за Галатасарај пред реваншот во Чешка. Демирбај го отвори резултатот во 19.минута, а израмни Пресиадо на почетокот на вториот дел.

Крејчи си постигна автогол во 61.минута, но повторно израмни Кухта, само четири минути подоцна. Триумфот за Галата го донесе Икарди.

Рома непоразена (1-1) ја напушта Холандија по дуелот со Феенорд. Игор Паишао му донесе водство на Феенорд во 45.минута, но Ромелу Лукаку се погрижи за реми со голот во 67.минута од дуелот.

Спортинг Лисабон е најблиску до осминафиналето ако се знае дека славеше со 1-3 на гости против Јанг Бојс. Ѓокереш и Инасио стрелаа за португалскиот тим, а Аменда си постигна автогол.

Шахтјор Доњецк и Олимпик Марсеј одиграа 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови