Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе на крајот на сезоната дефинитивно заминува од Пари Сен Жермен. Тој веќе ги информирал челниците на клубот за неговата одлука, како што претходно му вети на претседателот Насер Ал-Келаифи.
Ова лето конечно треба да заврши сагата за трансферот на Мбапе, кој многу веројатно дека ќе се пресели на „Сантијго Бернабеу“ и ќе потпише за Реал Мадрид. Тоа е негова желба од детството, да заигра во дресот на „кралскиот клуб“.
Пари Сен Жермен се обиде на сите начини повторно да го задржи Мбапе како што тоа му успеа минатото лето, му понуди неверојатно 80 милиони по сезона и нов двегодишен договор, но од друга страна Французинот доби и ултиматум од Реал – „сега или никогаш“.
Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во 2017 година, првата сезона играше како позајмен играч, а потоа „светците“ го откупија неговиот договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













