Вториот капитен на Баерн Минхен, Томас Милер, смета дека не е во ред да се зборува за иднината на тренерот Томас Тухел. Баварците претрпеа два последовни порази, од Баер Леверкузен со 3-0 во Бундес-лигата и од Лацио со 1-0 во Лигата на шампионите, а тоа доведе до ново прашање – дали тренерот ќе остане на чело на тимот.
„Можете да разговарате за овие прашања со тренерот, но не и со играчите. Ние не сме луѓето кои треба да разговараат на оваа тема. Тоа би било само непочитување. Се разбира, сега ситуацијата во Баерн Минхен не е многу добра. Ние, играчите и тренерот, работиме секојдневно да го поправиме ова. Обединети сме“, изјави ветеранот по поразот од Рим.
Томас Тухел го презеде Баерн Минхен во март 2023 година. Договорот на стратегот со клубот е до 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













