
Пари Сен Жермен победи против Реал Сосиедад во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, славејќи со 2-0 на „Паркот на принцовите“.
Тренерот Луис Енрике ја сподели радоста за успехот, но потсети дека ништо не е готово, бидејќи противникот е многу сериозен и сигурно ќе понуди возвратен удар на реваншот.
„Двете полувремиња беа различни. Првото полувреме му припадна на Реал Сосиедад и навистина се боревме, но ни беше тешко. Фудбалот не е константен и во вториот дел ги променивме работите. Ги притиснавме и го надминавме нивниот притисок. Многу добро го познавам Реал Сосиедад. Иманол Алгуасил е тренер кој има одлична филозофија на игра. Навивачите ни порачаа да не се плашиме, да бидеме похрабри и дека ако не ја освоиме Лигата на шампионите, не е важно. Јас се чувствувам исто. Мислам дека откако пристигнав тимот се развиваше. Ми се допаѓа тоа што го гледам. Не успеавме во првото полувреме, но сме во рана фаза во нашиот развој. Дури и да се случи да бидеме елиминирани од Лигата на шампионите, мора да ја задржиме нашата филозофија на игра и да не ја менуваме“, изјави Луис Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
