Раководството на Кристал Палас одлучи да го отпушти менаџерот Рој Хоџсон, пренесуваат медиумите во Англија. На негово место речиси сигурно ќе биде назначен Австриецот Оливер Гласнер, кој пролетта 2022 година ја освои Лигата на Европа како тренер на Ајнтрахт Франкфурт.
Под водство на Хоџсон, „орлите“ загубија четири од последните пет натпревари и имаат пет бода повеќе од зоната за испаѓање во Премиер – лигата. 76-годишниот стручњак има договор до крајот на сезоната. Сепак, клубот донесе одлука за предвремена разделба.
Минатата сезона, Гласнер го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што тимот беше елиминиран од Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













