
Легендарниот хрватски ас Роберт Јарни е разрешен од селекторската функција на хрватската репрезентација до 17 години, затоа што јавно изјави дека ќе навива за шпанскиот клуб на натпреварот меѓу Бетис и Динамо Загреб во Конференциската лига. Јарни играше за Бетис во периодот од 1995 до 1998 година.
„Со едногласна одлука на Извршниот одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз, Роберт Јарни е разрешен од должноста селектор на хрватската репрезентација до 17 години по непримерни изјави во медиумите.
Извршниот одбор на ХНС го поддржува правото на секој поединец, вклучително и на секој фудбалер – вклучувајќи ги и репрезентативците – да поддржува кој клуб сака, дури и против хрватските клубови во Европа, иако таквото размислување не се смета за пожелно.
Сепак, ХНС е со многу јасен став дека повисоки стандарди важат за сите хрватски селектори и дека е несоодветно, непожелно и недозволиво лице на чело на хрватска репрезентација отворено да не поддржува кој било хрватски клуб во европско натпреварување“, се вели во соопштението на ХНС.
„Па, за кого да навивам? Во Бетис, сепак, поминав три убави години, а не играв во Динамо Загреб. Јас сум „хајдуковец“ во моето срце“, изјави Јарни во интервју за „Вечерњи лист“.
Ваквата изјава на Јарни ја вознемири ѕвездата на Динамо и актуелен хрватски репрезентативец Бруно Петковиќ, кој го нарече Јарни „кловн“.
„Дали навистина го кажа тоа, ако го мислел, тогаш е кловн. Тоа се луѓе кои ја претставуваат хрватската држава, а не навиваат за хрватски клуб. Слободно напишете го тоа. Човекот што навива против хрватски клуб во Европа, а е Хрват, тој мора да е кловн“, изјави Петковиќ на прес-конференција во пресрет на дуелот со Бетис.
Динамо Загреб вечерва од 21 часот му гостува на Бетис во Шпанија во првиот меч од 1/16-финалето во Конференциската лига на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рома го промовираше Гасперини (ФОТО)

Интернационалци
Томче Гроздановски се враќа во Словачка?

Прва лига
Силекс го доведе Малик Хамзиќ

Евро-фудбал
Габриел останува во Арсенал до 2029 година

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
