
Хјoнг-Мин Сон и Ли Канг-Ин, јужнокорејски репрезентативци и ѕвезди на Тотенхем и на Пари Сен Жермен се степале вечерта пред полуфиналниот натпревар против Јордан на Азискиот куп во Катар.
Сон го изнервирала реакцијата на тројцата помлади соиграчи, кои решиле брзо да ја завршат заедничката вечера и да одат да играат пинг-понг.
Сон го фатил Ли Канг-Ин за вратот, а овој возвратил со тупаница. На крајот, Хјонг-Мин Сон завршил и со дислоциран прст на раката.
Повозрасните играчи во тимот побарале од селекторот Јирген Клинсман да го исклучи Ли Канг-Ин од тимот, но Германецот не го сакал тоа.
Во една таква атмосфера, Јордан ја елиминира Јужна Кореја и ја продолжи нивната агонија.
Верувале или не, Јужна Кореја не била азиски шампион од 1960 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
