Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде да го ангажира Конор Галагер на крајот на сезоната доколку играчот од средниот ред не успее да се договори за нова соработка со Челси.
„Сините“ сега се соочуваат со голема дилема за играчот кој можеше да си замине во последните три преодни рока.
Трансферната вредност на 24-годишниот англиски репрезентативец опаѓа бидејќи неговиот договор истекува за помалку од 18 месеци, но тој игра одлично оваа сезона и можеби е најдобриот играч на тимот од „Стемфорд бриџ“.
Менаџерот Маурисио Покетино го опиша Галагер како „непроценлив“ откако постигна два гола против Кристал Палас во победата од 1-3 во понеделникот, клубот во кој тој помина една сезона на позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













