
Пеп Гвардиола е одушевен од изведбите на Кевин де Бруин во последниот период.
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити се врати на терените на почетокот на јануари по пет месеци опоравување од повредата на тетивата.
На седум натпревари од почетокот на годината, Белгиецот постигна два гола и забележа шест асистенции.
„Кевин продолжува да се подобрува, тој е како убаво вино. Можеби тоа е како Brunello di Montalcino (познато како најскапото од традиционалните италијански вина) или Sassicaia (познатото тосканско вино). Се врати свеж не само физички туку и психички. Неговиот придонес е секогаш посебен затоа што и тој е посебен“, изјави Гвардиола по победата на Манчестер Сити од 1-3 на гостувањето кај Копенхаген во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
